strumica denes logo

СТАРИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ СО СТАРОТО ИМЕ ВАЖАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА!

Автор:

Датум:

септември 8, 2024

Автор:

Датум:

септември 8, 2024

Според него, издавањето лични документи е вратено во нормала, односно дека секој граѓанин што ќе поднесе барање за нова лична карта, возачка дозвола или патна исправа тоа ќе може да го оствари во законскиот рок од 15 дена
Во следниот период Министерството за внатрешни работи (МВР) преку кампања ќе ги повикува граѓаните што не ги обновиле возачките дозволи со новото име да го сторат тоа зашто старите ќе важат до крајот на годината.

Ова денеска го изјави Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, по посетата на пунктот за промена на личните документи „Пролет“ во Скопје и посочи дека досега околу 750 илјади возачки дозволи се издадени согласно одредбите од законот со новото уставно име.

„Потребно да се реиздаде уште одредена бројка, уште околу еден милион возачки дозволи со новото име. за да ја затвориме целокупната бројка. Апелирам до сите што не ги обновиле возачките дозволи со старото име тоа да го сторат во следниот период“,

вели тој.
Според него, издавањето лични документи е вратено во нормала, односно секој граѓанин што ќе поднесе барање за нова лична карта, возачка дозвола или патна исправа тоа ќе може да го оствари во законскиот рок од 15 дена.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат капацитетите од аспект на машини за изработка доколку во иднина повторно настане слична ситуација како на почетокот на годината, Тошковски рече дека работат на трајно решавање на проблемот.

„За разлика од тие претходно, ние ги решаваме проблемите и гледаме да ја поедноставиме целата постапка, не само во однос на лични документи, туку и во однос на секое право што треба да го стекне македонскиот граѓани во оваа институција“,

рече Тошковски.
Посочи дека просториите каде што се вадат документите во Македонската радио-телевизија (МРТ) ќе се реновираат, па затоа одреден период ќе се користи пунктот „Пролет“. Целта, како што вели, е да се создадат нормални услови за работа на полициските службеници, но и нормални услови каде што секој граѓанин ќе може да пристапи.