Матео од Скопје кој има две годинки е итно пренесен и хоспитализиран во “Институт за здраствену заштиту мајке и детета Србија“ под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.3. Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома, откако ќе биде спроведена дијализата како резултат на акутната промена на бубрезите!
Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите. Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува. Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири. Семејството е одбиено од ФЗО!
Сите хумани луѓе што сакаат да донираат парични средства за малиот Матео може да го направат тоа преку Ecrowd.mk платформата.