Кристијан Коцев од карбинското село Долни Балван во штипско боледува од ретка генетска болест атаксија. За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Јутјуберот Стефан Лазаров објави видео во кое јавно ги повика сите кои можат да помогнат и да донираат за лекување негово лекување.
„Ги замолувам сите инфлуенсери јавни личности кои ме гледате во моментов да го направите истото што го направив и јас за да може видеото да стигне до повеќе луѓе. Јас ја започнувам оваа хумана акција со 200 евра“, рече Лазаров кои ги објави броевите за донации на Телеком 143 130 и А1 143 471.
Стефан рече дека парите се потребни за да може Кико да отпочне со третманот со матични клетки. За почеток е потребно да добие две дози на матични клетки, а ако третманот се покаже успешен, може да добие и трета рече Лазаров.
Лазаров отиде да го посети малиот Кико во Штип и рече дека на Кико омилени му биле неговите две песни „Бист“ и „Победник“.