strumica denes logo

СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СТРУМИЦА ПРАШУВААТ: ЗОШТО СТАЦИОНАРОТ ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА НЕ Е ЗАПОЧНАТ СО РАБОТА?

Автор:

Датум:

август 15, 2022

Автор:

Датум:

август 15, 2022

Советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица:

Ja прашуваме Општина Струмица зошто стационарот за бездомни кучиња не е започнат со работа?

Одлуката за формирањето на претпријатието е изгласана во јануари 2022.

И по 8 месеци претпријатието не фунционира иако за овој рок се изгласени Статут, управен и надзорен одбори, систематизација за вработување.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа отварањето на претпријатието за заловување и третман на бездомни кучиња ,,Стационар- Лана”, учествувајќи во сите процеси на формирање.
Стационарот за кучиња е еден од програмските приоритети на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Упатуваме апел до Општина Струмица посериозно да се зафати со овој процес, а раководните структури веднаш да го стават во функција и претпријатието да започне со работа.