СОПРУГАТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Вечерта пред несреќата Борис го разбуди татко си и му рече: „Тате, дојдов само да те видам“

ноември 16, 2021

17 години од стр ашната хеликоптерска нес реќа во близина на Мостар во БиХ каде заг ина македонскиот претседател Борис Трајковски.

Тоа магливо утро во 2004 година речиси нема да го заборави секој граѓанин на оваа земја, а Трајковски до ден денес остана синоним за вистински лидер и претседател со свој став и углед во Европа и светот.

Трагедијата ја зави Македонија во црно, а светот го остави во неверување од веста дека тој повеќе не е жив.

Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан.

Неговата сопруга и поранешната прва дама на Македонија од 1999-та до 2004-та година Вилма Трајковска по неговата смрт се повлече од јавноста, но не и од зачувување и негувањето на ликот и делото на Борис Трајковски.

Таа е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, како и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.

Весникот „Нова Македонија“, една година по несреќата во 2005-та година направи интервју со Вилма и тоа беше нејзино прво обраќање во јавноста по трагедијата.

-Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас.

вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже.

По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види.

Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си.

Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон.

Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.

Го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“.

Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Целото интервју Нова Македонија со Вилма Трајковска го направи во 2005 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ