strumica denes logo

Сочен шарен кекс

Автор:

Датум:

јануари 21, 2023

Автор:

Датум:

јануари 21, 2023

Вкусен, сочен кекс за попладневно заблажување, кој се подготвува брзо и лесно.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Состојки

  • 3 Јајца (големина Л)
  • 1 Ванила
  • 200 гр Шеќер
  • 100 мл Масло
  • 150 мл Млеко
  • 240 гр Брашно (просеано)
  • 1 Ванила
  • 1 (50 гр) Морков (ситно рендан)
  • 5 г.л. Ореви (мелени)
  • 1 м.л. Цимет
  • Плус – Какао (по потреба)

Подготовка

  1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, миксираме со постепено додавање на шеќерот и ванилата до згустување. Потоа го додаваме маслото, па млекото – миксираме. На крај ги додаваме (претходно соединети) брашното и пецивото. Соединуваме со шпатула или со кратко миксирање на најслабата брзина.
  2. Оваа смеса ја делиме на 3 дела. Едниот останува ист, во вториот го додаваме ренданиот морков, а во третиот оревите и циметот – соединуваме до хомогенизирање.
  3. Во калапот (намрсен и набрашнет) прво ја истураме смесата со морков, па со цедилка наросуваме какао, сега ја ставаме смесата која остана иста, пак наросуваме какао, и на крај ја ставаме смесата со ореви и цимет. Печеме во загреана рерна на 170 степени (проверуваме со чачкалица).
  4. Испечениот кекс нека олади потполно, па го дегустираме. По желба одозгора наросуваме шеќер во прав.