strumica denes logo

СЛАВЧО ПИНДА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФК БЕЛАСИЦА СО ИНТЕРЕСЕН АПЕЛ ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

септември 19, 2023

Автор:

Датум:

септември 19, 2023

Претседателот на ФК Беласица силно ја подржа иницијатицата родителски фронт и на интересен начин упати апел до советот на општина Струмица и претседателот да не се прифаќаат точки со родова идеологија!

Џони

Некни бех на протесто на Родителски фронт, ја земах цела Беласица со мене, да слушнам шо ќе кажат некои мајки, жени ( помаже од ного маже) у врска со таа родова идеологија.

На протесто Џони разбрах оти ти си кочницата да се помине тава на Совето на Општинта. Протесто не беше партиски, имаше од сите партии, вклучително и од твојта. Разбрах оти сите ја разбрале поентата, само ти не.

Како мој пријател, како поранешен капитен на ФК Беласица и Почесен претседател на ФК Беласица те повикувам да не се правеш оти не разбираш шо е работта и да не потпаѓаш под политички притисоци, да не се глупираш пред градо, та да се срамуваш и ти, да го срамуваш и нашио клуб ФК Беласица и нашио град Струмица.

Те повикувам на следната седница да овозможеш да се ставе точката на дневен ред и да се изгласа да нема такви глупости родове модове оти во спротивно ние како ФК Беласица, а јас како Претседател ќе донесам Одлука дека те отстранувам како почесен претседател и ќе те прогласаме за срам на клубо.

Нема да си пожелен навивач на ФК Беласица, ти ќе можеш да дојдеш на стадионо ама нема да си пожелен.

И на крајо Џони ќе те питам, кој род се фудбалерето на ФК Беласица дали знаеш или уште ќе се правеш будала и ти како твојо ментор.

Поздрав, Славчо Пинда, претседател на ФК Беласица