Женскиот фудбалски клуб Тиверија Струмица упати повик до сите љубители на спортот и верни навивачи да бидат дел од големото финале на Купот на Македонија, каде струмичанки ќе се борат за трофејот против екипата на ЖФК Каменица Саса.
Финалниот натпревар ќе се одигра на 14 мај (четврток) со почеток од 15:00 часот на стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, а од клубот информираат дека е обезбеден организиран превоз за сите заинтересирани навивачи кои сакаат во живо да им дадат поддршка на своите миленички.
Од Тиверија Струмица апелираат пријавувањето да се изврши навреме, со цел што поголем број поддржувачи да отпатуваат за Скопје и заедно да создадат вистинска спортска атмосфера на трибините.
„Нашите девојки играат Куп финале“, порачуваат од клубот, потенцирајќи дека ова е еден од најзначајните натпревари во сезоната и можност за нов голем успех на струмичкиот женски фудбал.
Навивачите ќе можат да се пријават преку официјалните профили на клубот на социјалните мрежи – „Tiverija Strumica Women’s FC“ на Facebook и „@wfcbrerativerija“ на Instagram.





















