Симон Трпчески:
Уште една мисија остварена!
Во сржта…
Онаму од каде што доаѓа народната музика…
Од селото…
Од народот…
После легендарниот концерт во Збажди минатата година, во родното место на татко ми – Ѓорѓија Трпчески, овојпат во родното место на мајка ми – Нетка Трпческа, родена Бајрактарова, на само неколку метри од нејзината родна куќа, во Секирник, Општина Босилово.
Во историскиот регион на Македонија, каде што се чува традицијата на Русалиите, во прекрасна атмосфера, со почит од многубројните среќни луѓе кои нѐ опсипаа со многу љубов, слушајќи го модерниот звук на МАКЕДОНИСИМО, проектот кој ја слави Македонија и нејзината музика, уметност, култура и историја.
За многу години нека е празникот Св. Богородица и нека им донесе убавини на сите Македонци и македонски граѓани во Македонија и надвор од неа, како и на сите луѓе низ светот.