За овој рецепт ви се потребни малку состојки и многу имагинација. Чоколадните медалјони се прават лесно и брзо, а имате можност да ја покажете вашата умешност за декорирање на дело.
Потребни состојки:
- 200g квалитетно чоколадо по желба (млечно, темно или бело)
- Додатоци по избор: кокос, суво овошје од типот на – брусница, аронија, гоџи бобинки, вишни; кандирано овошје, сечкани бадеми, лешници, ореви, ф’стаци…
Начин на подготовка:
- Стопете го чоколадото на пареа.
- Врз хартија за печење со помош на лажица направете кругови со големина на паричка.
- Врз секоја од нив, ставете додатоци по ваш избор и нежно притиснете. Овој дел е многу забавен, па целото семејство може да се вклучи во украсувањето на медалјоните, секој по свој избор.
- Оставете ги добро да се оладат во фрижидерот и послужете.