strumica denes logo

СЕ ПОЈАВИ НОВ ХУМАНОИДЕН РОБОТ НА ПАЗАРОТ!

Автор:

Датум:

август 31, 2023

Автор:

Датум:

август 31, 2023

Компанијата Apptronik претстави нов хуманоиден робот по име Apollo.

Тоа е машина која е дизајнирана да работи, а која може да работи за или со луѓе. Роботот е првично наменет за движење и носење предмети во производствени средини, но подоцна ќе се користи во градежништвото, индустријата за нафта и гас, производство на електроника, малопродажба, испорака до дома и нега на стари лица. Apollo го следи роботот CyberOne на Xiaomi претставен минатата година, кој е сличен на сè уште неофицијалниот Tesla Bot.

Apollo е висок околу 172 см и тежи нешто повеќе од 72 кг, а може да носи товар од 25 кг. Компанијата ја оптимизираше ефикасноста со тоа што ги направи рацете на роботот полесни од товарот што може да го подигне. Apollo користи заменливи батерии кои траат до 4 часа.

Apptronik го гледа Apollo како робот кој може да се прилагоди на задачата. Благодарение на неговата модуларност, роботот им овозможува на корисниците да одлучат дали да го користат за своите цели како вистински двоножен хуманоиден робот, како работно торзо на тркала или како торзо поставено на неподвижна локација. Apollo има дигитални панели за лице и гради за да понуди „пријателско, човечко лице“ и да им овозможи на работниците да се чувствуваат удобно работејќи покрај него.

Цената на роботот сѐ уште не е објавена.