СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија:
Еднаквост, праведност и солидарност❗️
Тоа се основните социјалдемократски вредности, темелите на кои се градат социјалдемократските политики. Борба за еднакви права, праведност и социјална правда за сите индивидуи, борба за родова еднаквост и недискриминација, почитување на основните човекови права!
Во духот на социјалдемократијата е да се гради праведно и инклузивно општество. Тоа може да се постигне само преку адресирање на општествените и економските нееднаквости. Само така можат да се надминат стереотипите и на сите граѓани да им се овозможи еднаков пристап до можности и ресурси.
Борбата за родова еднаквост на СДСМ во нашето општество многупати е докажана.
СДСМ останува посветен на своите основни вредности.
Официјалните партиски ставови ги градат членовите на седници на соодветните партиски тела и органи преку дебата. Индивидуалните ставови градени на други места не се ставови на партијата.