РУЧЕН ЗА ГУРМАНИ: Сочни ќофтиња потопени во сос од домати и моцарела

февруари 13, 2023

Потребни состојки:

  • 600g мелено свинско месо
  • 500g доматен сос
  • 180g исцедена моцарела
  • 30g лебни трошки
  • 30g рендан пармезан
  • 2 лажици свеж босилек, исечкан ситно
  • 1 лажица свежо или суво оригано, исечкано
  • 1 јајце
  • Масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
  2. Во голем сад измешајте ги месото, лебните трошки, јајцето кое претходно ќе го изматите, пармезанот и зачините.
  3. Од смесата направете и обликувајте 12 топчиња.
  4. На тава загрејте малку масло, па испржете ги ќофтињата додека не добијат златно-кафеава боја од сите страни, околу 5 минути.
  5. Додадете го доматниот сос и кратко гответе додека не се загрее, а потоа ставете ја и моцарелата на парчиња.
  6. Ставете ја тавата во загреана рерна и печете 15-20 минути, додека моцарелата не се запече.
  7. Доколку немате тава соодветна и за пржење и за печење, пред да ставите на печење, префрлете ги во соодветен плех.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ