РЕЗУЛТАТИТЕ ПРИСТИГНАА: ВОЗАЧОТ НА КОМБЕТО ОД СТРУМИЦА НЕМА КОРОНА ВИРУС!

февруари 29, 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека по направените тестови негативни се резултатите на возачот на комбето кој ја превезувал жената која е заразена со коронавирус. Инаку, возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а вчера поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, беше спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: