Потребни состојки:
- 200g рендан кашкавал
- 2-3 помали главици брокула
- 1 лажица лук во прав
- Сол и бибер по вкус
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190°С.
- Измијте ја брокулата и исечкајте ја на помали цветови.
- Ставете ја брокулата во сад, прелијте многу малку масло, ставете ги зачините и измешајте.
- Наредете ја брокулата на тава за печење и преку неа ставете рендан кашкавал.
- Печете 25 минути, додека брокулата не се запече, а кашкавалот не се растопи и подзапече.
- Послужете топло како предјадење.