ЗА ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ЗАСЛЕДЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ @brzi.i.vkusni.recepti
Потребни состојки:
– готови кори 500гр
– праз
– сирење
– кисела вода 100мл
– масло 100мл
– јогурт 200мл
– 1 прашок за пециво
– 1 јајце
– зачини: црн пипер, чили, сусам и ким по желба
Начин на подготовка:
Празот сечете го и запржете го малку на масло за готвење.
Потоа во него додадете го надробеното сирење, црниот пипер и чилито и промешајте да се соединат.
Во посебен сад додајте ги маслото, киселата вода, јогуртот, пецивото и јајцето и размешајте со маталка.
Корите една по една преклопете ги како на видеото и мачкајте ги од течната смеса, а потоа додадете по една лажица од филот и мотајте во триаголници.
Готовите триаголници премачкајте ги уште еднаш од смесата, наросете сусам и ким (по желба) и печете 20тина минути на 180 степени.
П.С. доколку сте љубители на ајвар може да го употребите исто така како фил за триаголниците.