Сезоната на јаболка вреди да се искористи за подготовка на вкусни колачи кои се подготвуваат многу лесно.
Дополнително, доколку немате што да им правите на бананите кои постојано ви скапуваат – имаме решение.
Овој лесен рецепт ќе успее да го направи секој кој има барем малку искуство во кујна.
Потребни состојки:
За смеса на колачот:
- 115g несолен путер, стопен
 - 200g кафеав шеќер
 - 1 големо јајце, на собна температура
 - 1 лажица екстракт од ванила
 - 130g брашно
 - ½ лажичка сол
 - 150g банана, испасирана
 
За декорацијата со цимет:
- 45g несолен путер, стопен
 - 80g кафеав шеќер
 - 1 лажица цимет во прав
 
За фил/прелив:
- 90g полномасно крем-сирење, на собна температура
 - 90g несолен путер, омекнат
 - 1 лажица екстракт од ванила
 - 110g шеќер во прав
 
Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги путерот и шеќерот. Потоа додадете ги јајцето и ванилата и повторно соединете ја смесата. Истурете ги и брашното и солта и измешајте, а на крај додадете ја и бананата и убаво измешајте.
 - Истурете ја смесата во плех со големина 8×8, врз хартија за печење и убаво распоредете ја насекаде.
 - На неколку места со лажица ставете топчиња од смесата со цимет, а потоа со нож формирајте ја кружната декорација.
 - Ставете да се пече 18-20 минути на 180С (или 160С ако печете со вентилатор).
 - Во меѓувреме, во друг длабок сад ставете ги крем-сирењето, шеќерот и циметот и измиксирајте додека не добиете мека и мазна смеса за фил.
 - Истурете го филот врз испечената смеса, распоредете насекаде и оставете да се олади.
 - Исечете на коцки и уживајте во десертот.
 























