Чоколадни ровити коцки со чоколадна глазура одозгоре – звучи примамливо и како да сте на гости кај баба нели? Рецептот може да го направи и почетник во кујна.
Ако сте љубители на чоколадни десерти кои се топат во уста, а притоа се подготвуваат брзо и лесно, ова е за вас.
Потребни состојки:
- 170g шеќер
 - 170g маргарин, омекнат
 - 150g брашно
 - 20g какао во прав
 - 3 големи јајца на собна температура
 - 2 лажици млеко
 
За преливот:
- 170g шеќер во прав
 - 15g какао
 - 3 лажици топла вода
 - 35g (околу 4 лажици) чоколадни трошки за наросување
 
Начин на подготовка:
- Измиксирајте ги маргаринот и шеќерот, па додадете ги другите состојки за тестото додека не се измазни смесата.
 - Истурете ја смесата врз хартија за печење, измазнете и ставете да се пече 30-40 минути на 170 степени Целзиусови, или додека стапче за заби не излезе чисто кога ќе боцнете.
 - Измешајте ги состојките за преливот додека не добиете мазна смеса и истурете ја врз тортата, а најгоре наросете чоколани трошки.
 
Видео постапка:























