РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Вкусна летна манџа

јуни 30, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки:

– пиперки 🫑
– домати 🍅
– лук 🧄
– јајца 🥚
– сирење
– босилек
– сол и црн пипер 🧂

Начин на подготовка:

🫑 Пиперките насечете ги на коцки.
🧄 Лукот ситно насечкајте го.
🍅 Доматот ставете ги во врела вода околу 5 минути, потоа префрлете ги во сад со ладна вода и мраз. На овој начин ќе ги излупите многу лесно. А откако ќе ги излупите насечкајте ги на ситни коцки.
🫑 Пиперките ставете ги да се пржат во загреана масло. Откако ќе ја променат бојата додадете ги доматите и оставете да се крчка.
🧄 По некое време, додадете ги лукот, насечканиот босилек и зачините.
🥣 Во сад, надробете го сирењето со вилушка а потоа додадете ги јајцата и мешајте да се соединат.
🥘 Откако ќе извријат доматите, додадете ги јајцата и сирењето и оставете уште 2-3 минути.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ