strumica denes logo

РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Копани со ориз

Автор:

Датум:

јуни 27, 2023

Автор:

Датум:

јуни 27, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– пилешки копани 🐔
– ориз 🍚
– морков 🥕
– пиперка 🫑
– кромид 🧅
– лук 🧄
– пилешка коцка за супа
– зачини: сол, црн пипер, вегета и куркума 🧂

Начин на подготовка:

Копаните ставете ги во вода и што проврие фрлете ја водата и ставете нова. Додадете ја коцката за супа и варете десетина минути.
Во меѓувреме, во тава со масло ставете го насечканиот зеленчук да се пропржи.
Потоа, додадете го оризот кој претходно стоел во вода барем еден час и зачините и промешајте да се соедини.
Префрлете го оризот во тава за печење, наредете ги копаните и истурете од водата во која се вареа копаните.
Копаните насолете ги со вегета и црн пипер и печете 30-40 минути на 250 степени.

Видео: