Home

Perdormire
Струмица

Република Македонија ќе набави посебни тестови, вакцини и лек за мајмунски сипаници!

Home

Како што информираат од КЗБ, Институтот за јавно здравје преку контакт со СЗО треба да обезбеди посебни китови, односно дијагностички текстови за детектирање на мајмунските сипаници, што претставува еден вид на ПЦР-тестирање. Институтот, исто така, разгледува и набавката на потребната терапија за лекување на сипаницата, односно вакцини и специфичниот лек „тековирамат“. КЗБ смета дека треба да се подготви нашиот здравствен систем на евентуална епидемија во нашата земја, за што е дискутирано за евентуалните клинички патеки за следење, скриниг, дијагностика и третман на пациентите кои евентуално би биле заболени од мајмунски сипаници

Светот го вклучи алармот по појавата и ширењето на мајмунските сипаници. Овој вид на сипаници е дијагностициран во неколку држави во светот каде што се регистрирани околу стотина заболени лица. Првите сомнителни случаи на мајмунска сипаница има во регионот, за што Институтот за јавно здравје преку контакт со СЗО треба да обезбеди посебни китови, односно дијагностички тестови за детектирање на мајмунските сипаници, што претставува еден вид ПЦР-тестирање. Институтот, исто така, разгледува и набавката на потребната терапија за лекување на сипаницата, односно вакцини и специфичниот лек „тековирамат“.

За ова информираше портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ, по вчерашниот состанок каде што на дневен ред била актуелната состојба со овие заразни сипаници. Како што посочи тој, Комисијата за заразни болести и фебрилни состојби будно ја следи состојбата со сипаниците во светот и можноста за евентуално пренесување кај нас. Според нив се прават чекори кон подготвеноста на системот да се справи со евентуална епидемија или пандемија која би се појавила во светот и кај нас.

–ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВЕЌЕ ОБЕЗБЕДИ КОНТАКТ СО СЗО ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ПОСЕБНИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ТЕСТОВИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ, ПРЕКУ ПЦР-ТЕСТИРАЊЕ. СЕ РАЗГОВАРАЛО И ЗА НАБАВКА НА ПОТРЕБНАТА ТЕРАПИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА СИПАНИЦАТА, А ТОА СЕ ВАКЦИНИТЕ И СПЕЦИФИЧНИОТ ЛЕК „ТЕКОВИРАМАТ“ -ДОПОЛНУВА Д-Р ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ, НАГЛАСУВАЈЌИ ДЕКА НА СОСТАНОКОТ КЗБ ПОКАЖАЛА ЗАГРИЖЕНОСТ ВО ОДНОС НА ШИРЕЊЕТО НА МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ВО СВЕТОТ, ОСОБЕНО НАДВОР ОД ЕНДЕМИЧНИТЕ БАЗЕНИ, КАКО ШТО Е ЦЕНТРАЛНА И ЗАПАДНА АФРИКА.

Згриженост доаѓа и од самата СЗО во однос на тоа како се шират овие заразни сипаници.

-ЦЕЛТА НА КОМИСИЈАТА Е ШТО ПОДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВИ НАШИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ НА ЕВЕНТУАЛНА ЕПИДЕМИЈА ВО НАШАТА ЗЕМЈА. ДИСКУТИРАНО Е ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ КЛИНИЧКИ ПАТЕКИ ЗА СЛЕДЕЊЕ, СКРИНИГ, ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ЕВЕНТУАЛНО БИ БИЛЕ ЗАБОЛЕНИ ОД МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ И ШТО ТРЕБА ПОНАТАМУ ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ. ТИЕ ПАТЕКИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ БИДАТ ДЕФИНИРАНИ И ЈАВНО ОБЈАВЕНИ -ОБЈАСНУВА Д-Р МЕХМЕДОВИЌ И ДОПОЛНУВА ДЕКА ОВАА ПОЈАВА НЕ Е ПРОПОРЦИЈАЛНА НА ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19, СО КОЈА ЖИВЕЕВМЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ОД ДВЕ ГОДИНИ, НО СЕПАК САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ И ВНИМАТЕЛНО ДА ЈА СЛЕДИМЕ СИТУАЦИЈАТА.

Вирусот на мајмунски сипаници постои во светот половина век, но могу ретко го имало на европска почва и затоа процедурите за лекување во моментов се оскудни. Како што укажува д-р Мехмедовиќ, во моментов земјите каде што има случаи, имаат проблем со квалитетна дијагностика и третман на пациентите.

Според него, карактеристично за оваа болест е промена на кожата која првично може да биде како егзем, потоа појава на меурчиња што можат да станат гнојаници, се јавува и висока температура од 38,5 степени, линфоаденопатија, болки во мускулите и грбот и болки во коските.

-ГЕНЕРАЛНО ОВАА СИПАНИЦА НЕ СЕ РАЗЛИКУВА ПО СИМТОМИТЕ ОД ОСТАНАТИТЕ ВИРУСНИ ЗАБОЛУВАЊА НА СИПАНИЦИТЕ. ЗАТОА ГЛАВНО ДИЈАГНОСТИКАТА ЌЕ СЕ УТВРДУВА СО ПЦР ТЕСТОВИ ЗА ОВАА НАМЕНА – НАГЛАСУВА Д-Р МЕХМЕДОВИЌ И АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ДИГА ПАНИКА ДЕКА КЗБ РЕДОВНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА.

Да не се дига паника вели и професорот Д-р Нико Беќаровски, кој што е и член на КЗБ. Тој на својот фејсбук-профил пишува дека вирусот „мајмунски сипаници“ е „мајмунски” обид за повторен страв кај населението. Притоа, тој укажува дека сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години, кои не се вакцинирани за морбили или не се вакцинирани против вариола вера. Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци.

– ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО И ВО ЦЕЛАТА EКС ЈУ СИТЕ РОДЕНИ ПРЕД 1972 ГОДИНА, СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ ВАРИОЛА ВЕРА, А ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОМЛАДИТЕ ПРОТИВ МОРБИЛИ. ЗАТОА СЛОБОДНО ПЛАНИРАЈТЕ СИ ГИ ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ, БИДЕЈЌИ ЗАСЛУЖУВАМЕ ПО ДВЕ НЕПРЕСПИЕНИ ГОДИНИ – НАПИША Д-Р БЕЌАРОВСКИ НА ФЕЈСБУК.

Една од препораките на КЗБ, која била разгледана на вчерашната седница, се брзите антигенски тестови за детекција на ковид-19 да почнат да се користат наместо ПЦР-тестовите кои се поскапи. Како што вели д-р Мехмедовиќ, треба да се задолжат комисиите за интрахоспиталните инфекции да изготват соодветен протокол како да се користат брзите антигенски тестови и каде треба ПЦР- тестови. Последниот збор за ова ќе го даде Владата на една од наредните седници.

Инаку, од Министерството за здравство посочуваат дека има набавено 1000 вакви антигенските тестови за потребите на здравствените установи и граѓаните нема потреба самите да ги набавуваат.