За повеќе вакви рецепти заследете го Instagram профилот @brzi.i.vkusni.recepti
Потребни состојки:
– свински бут 🥩
– пилешки батак 🍗
– мешано мелено месо
– мешани колбаси
– модар патлиџан 🍆
– тиквица
– пиперка 🫑
– домат 🍅
– компир 🥔
– пашканат
– кромид 🧅
– лук 🧄
– зачини: сол, црн пипер, вегета, црвен пипер, рузмарин, ловоров лист 🧂
Начин на подготовка:
🔪 Месото и зеленчукот несечете ги на коцки, а од меленото месо направете мали ситни ќофтенца.
🥘 Пропржете го зеленчукот во тава со масло.
Откако ќе биде готово, извадете го зеленчукот, и во истата тава ставете го целото месо да се пржи додека добие боја.
🍅🧂 Потоа вратете го зеленчукот во тава, додадете ги доматите, зачините, малку вода и оставете да се крчка неколку минутки.
🥘 На крај, префрлете во земјена тава и ставете на печење на 250 степени, 30-40 мин.
Видео:
View this post on Instagram