strumica denes logo

ПРОНАЈДЕНИ ОКОЛУ 6.000 ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА – УАПСЕНИ СЕ И ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ!

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Министерството за внатрешни работи уапси две лица од Струмица и едно лице од Радовиш кај кои биле пронајдени околу 6.000 парчиња пиротехнички средства.

Како што соопштуваат од МВР,  на 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш, исто така од Министерството дополнуваат дека во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од Струмица.

При претрес на нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени вкупно околу 6.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.