strumica denes logo

Пронајдени над триесетина мигранти од Сирија, Пакистан и Индија на регионалниот пат Струмица-Суви Лаки!

Автор:

Датум:

август 30, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

август 30, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

На 29.08.2022 во 01.30 часот кај место викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки, во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија. Подоцна, во 07.45 часот при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар Винојуг во Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.