ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ВАДЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ ДО СЕПТЕМВРИ – ПРЕДЛОГ НА ПЕНДАРОВСКИ

јануари 11, 2024

Претседателот Стево Пендаровски ја повика Владата да го промени рокот на важење на личните докумети до септември, затоа што начинот на кој сега се вадат личните карти, пасошите и возачките дозволи е понижувачки за граѓаните.

– Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада со брза интервенција во два закони, Законот за лична карта и Законот за патни исправи, и ако е потребно и Законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор – рече претседателот Пендаровски во интервју за „Сител“, зборувајќи за обврската на граѓаните да ги сменат документите до 12 февруари, согласно со обрврските од Преспанскит договор со кој се смени уставното име на државата.

„Слободен печат“ вчера објави дека важечките лични карти на граѓаните со старото име на државата Република Македонија и по 12 февруари ќе им важат на шалтерите во банките, а и на претстојните претседателски и парламентарни избори во април и во мај ќе може да се гласа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ