Денеска полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Х.М.(21) од село Банско, струмичко, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Известен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.