Во хотелот „Цар Самуил“ во Бања Банско се одржа традиционалната 21. Тортијада во организација на ЗТИЛ „Мобилност” од Струмица. На Тортијадата учествуваа Здруженија на лица со телесен инвалидитет од 12 градови од Македонија. Меѓу гостите беа и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, градоначалникот Коста Јаневски, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот. Градоначалникот Јаневски ги поздрави присутните и рече дека тортите се вистински ремек дела, направени со голем труд и љубов и посака уште многу години да се гледаат заедно и восхитуваат на секоја нова торта и на секој заеднички напредок.
Премиерот Зоран Заев присуствуваше на Тортијадата во Банско

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: