ПОЖАРНИКАРИТЕ, ЧУВАРИТЕ НА СТРУМИЦА, ДОБИВААТ БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЗОНИТЕ А И Б ВО ГРАДОТ!

август 31, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

✨Храбри, одговорни и пожртвувани професионалци, потврдени во многу домашни и меѓународни спасувачки мисии, тоа се нашите струмички Пожарникари.

📌Тие се чувари на Струмица, на нашите животи и имоти од пожари и други елементарни непогоди и несреќи.

Што и да направиме за нив е секогаш малку.

👉Неизмерната почит и благодарност кон нив, заедно со членовите на Советот, ја надополнивме со одуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните семејни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица.

✊Горди сме што ве имаме.

Да сте живи и здрави!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ