Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Продолжуваме со модернизирање на уличното осветлување во градот. Нови 240 светлосни ЛЕД арматури ќе има на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од кружниот тек на влезот во градот од кај Добрејци до излезот кон Валандово и на булеварот „Гоце Делчев“ од кружниот тек кај Анска река до излезот кон Дабиле. Половина од овие светлосни арматури се веќе поставени, останатите во наредниот период, а во новата година на повеќе локации ќе биде поставено ново ЛЕД осветлување.