ПОРТАЛ СТРУМИЦА ДЕНЕС ДАВА ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА ДИРЕКТОРКАТА НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – ИМАМЕ САМО ЕДНА БОРБА, БОРБА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА, НАШЕТО СЕМЕЈСТВО И ПРАВДАТА!

март 19, 2024

Во време кога ненормалното некои сакаат да го направат нормално, портал Струмица Денес дава целосна поддршка на директорката на СОУ „Јане Сандански“ Невенка Стојанова откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесене мислење дека истото училиште врши повеќекратна индиректна дискриминација врз учениците.

Ваквото мислење доаѓа по објавениот кодекс на СОУ „Јане Сандански“ за забрана на учениците да носат големи нокти, искинати фармерки, пирсеви, кратки сукњи и сл.

Струмичката гимназија отсекогаш била пример во Македонија за зачувување на вистинските вредности. Историски гледано, таа има значаен удел во развојот на образованието и во воспитувањето на младите во Струмичко. Со својата богата историја и традиција, оваа Гимназија не само што била центар за образование, туку исто така и место каде се пропагирале и заштитувале вистинските вредности.

Во сегашниот свет кога повеќе невладини организации се трудат да го промовираат контроверзниот род, родов идентитет и ЛГБТИ+ агендата, Струмичката гимназија се држи за принципите и останува пример за ВИСТИНСКО образование кое го воспитува личниот и културниот идентитет на учениците.

Ние како портал никогаш не сме ги осудувале различностите, но ги браниме нашата вера и нашите вредности и се бориме за истите!

Струмичани, ние имаме само една борба, борба за нашите деца, нашето семејство и правдата.

No Pasaran – Нема да ви помине!

Во продолжение го објавуваме во целост демантот и рекацијата на директорката на СОУ „Јане Сандански“

Како раководно лице на СОУ „Јане Сандански“- Струмица, едно од споменатите училишта во објавите на порталите Сакам да кажам „СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И ШТИП ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА УЧЕНИЦИ ДА ВЛЕЗАТ НА ЧАСОВИ СО КРАТКИ СУКЊИ, СКИНАТИ ФАРМЕРКИ, ПИРСЕВИ ИЛИ БРАДА, УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА“ и sitel.com.mk „Три училишта извршиле индиректна дискриминација со предвидените правила за учениците“, чувствувам одговорност и потреба да реплицирам на двете објави и со аргументи делумно да ги демантирам истите.

Текстовите се однесуваат на укажувањето од Комисијата за спречување на дискриминација според кое училиштето треба да ги отстрани постерите со Кодексот за облекување и членот од Куќниот ред кој се однесува на истото. Доколку училиштето не постапи по укажувањето, следува покренување прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

Двата портали во своите текстови објавуваат низа неточни и непроверени информации.

Порталот sitel.com.mk пишува дека „Учениците пријавиле дискриминација“, што е сосема неточно. Комисијата за спречување на дискриминација се обрати до училиштето со барање за произнесување поради претставка од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини. Одговорно тврдам дека ниту еден ученик од нашето училиште нема пријавено дискриминација која произлегува од Кодексот за облекување.

Во текстот на Сакам да кажам стои дека „овие правила пропишуваат дека секој ученик треба да внимава на својата фризура за време на наставата. Женските треба да имаат уредна и прибрана коса, машките не смеат да имаат долга коса, репче или брада.“ Никаде во Кодексот не се спомнува должина на коса или носење брада.

Понатаму, Сакам да кажам пишува дека „ Како мерка за непочитување овие училишта имаат предвидено казна – на учениците кои нема да изгледаат како описот на Куќниот ред и на Кодексот, нема да им биде дозволен пристап до училиштето, односно нема да бидат примени на настава.’ Ова е уште една целосно неточна информација. Кодексот не предвидуваше никакви казни, и ниту еден ученик не бил отстранет од училиште поради негово непочитување.

Во самата претставка од Маргини до КЗСД има и други информации кои не соодветствуваат со реалната состојба, но за тоа во друга прилика.

СОУ „Јане Сандански“- Струмица е препознатливо како безбедна, инклузивна и позитивна средина која еднакво и рамноправно ги третира сите свои ученици и вработени, независно од нивната националност, пол, професија, степен на образование, социјален и личен статус и слично. Сите подзаконски акти, како што беше случајот и со овој Кодекс, се донесуваат по опсежна дискусија со Наставничкиот совет, Ученичката заедница и Советот на родители. Конкретно за Кодексот, тој наиде на позитивни реакции и кај учениците, и кај наставниците и кај родителите, поготово што Кодексите за облекување и однесување се секојдневие и нормална појава во огромен број земји.

СОУ „Јане Сандански“ постапи по укажувањето на КЗСД бидејќи обжалување на истото би било однапред изгубена битка. Сепак, мој личен став како просветен работник со 30 години работно искуство е дека со вакви удари врз училиштата и воопшто врз образовниот систем од страна на разни комисии, коалиции и невладини организации, се прави непоправлива штета на младите генерации и на општеството во целост.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ