ПОЛИЦИЈАТА ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА: Пронајдено починато машко тело во Ново Село, на телото имало видливи повреди!

јуни 8, 2022

На 07.06.2022 во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди. Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ