strumica denes logo

Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Матурантите ги минуваат последните денови во училишните клупи. Си ги повторуваат наставните предмети и се спремаат за полагање на државна или училишна матура. Годинава нема да има типична матура, оти за првпат ќе се полага во ходници и спортски сали. Од Државниот испитен центар велат дека се спремни. Тестовите биле испечатени и се вршат последните подготовки за да бидат дистрибуирани по воспитно-образовните установи.

Годинава матура ќе полагаат 14.834 ученици. Како и вообичаено, без мобилни телефони и со надеж дека ќе се избегнат скандали како минатогодишниот. Лани беше утврдено дека 3.100 ученици препишувале на испит по предметот англиски јазик. Иако полагањето ќе се одвива во сали, бројот на тестери нема значително да се зголеми. Еден, ќе надгледува 15 ученици, како и досега.

Мајчин јазик ќе се полага на 1. јуни. а на 8. јуни се полага некој од избраните предмети – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика. Иако долго време се преговараше, сепак ни годинава нема да има поставување на блокатори за оневозможување комуникација преку телефони.