Летното сметање на времето годинава ќе започне на 26 март во 02 часот со поместување за еден час нанапред, односно времето во 02 часот се смета како за 03 часот.
Според одлуката на Владата на последната седница летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.