Неколку модели на Тојота, кои инаку се познати по својата сигурност, сега се покажаа склони кон дефекти.
Најновата статистика за дефекти на германскиот авто клуб (ADAC) вклучува податоци за вкупно 159 серии на модели и обезбедува детална анализа на најсигурните и најпроблематичните модели од сите типови погони.
Неколку модели на Тојота, кои инаку се познати по својата сигурност, сега се покажаа склони кон дефекти.
Моделот со најголема стапка на дефекти е Toyota C-HR, првпат регистриран во 2020 година, со 63,1 дефекти на 1.000 возила.
Покрај C-HR, проблеми со доверливоста имаат и другите модели на Toyota (RAV4, Yaris и Yaris Cross), најчесто поради проблеми со батеријата. Тојота веќе одговори со воведување на нови, посилни батерии.
Меѓу возилата стари две години со мотори со внатрешно согорување, како најсигурни се издвоија Mini (0,3) и Audi A4 (0,4).