Погледнете какво време не очекува во следните денови!

ноември 17, 2021

За среда се најавува променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4, а дневните од 3. до 15. степени.

За четврток се предвидува променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 0°C до 5°C. Максимална температура: 12°C до 17°C.

Во петок во западните делови умерено до значително облачно, а на истокот посончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 1°C до 7°C. Максимална температура: 9°C до 14°C.

За сабота се најавува претпладне умерено до значително облачно, а попладне претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -3°C до 5°C. Максимална температура: 10°C до 16°C.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ