Деновиве се одржа креативен и мотивациски настан кој имаше за цел да ги поттикне младите иновативно да ги користат јавните дата бази на „НАСА“ и на другите државни агении на национално и глобално ниво, како и на приватните компании и да креираат решенија за подобрување на животот на планетата земја и за истражување на Вселената.
Дел од „NASA SPACE APPS CHALLENGE 2021“ под менторство на струмичките професорки Зорица Масникоса-Поп Трајкова и Костадинка Тушева учествуваа и нашите студенти Љубица Гошева (Медицински факултет, УГД), Ружица Минова (Медицински факултет, УГД), Ангела Џингарска (ФИНКИ, УКИМ), Дорис Иванова (Филолошки факултет, УГД) кои осмислија и дизајнираа иновативен производ ЕКОЛОШКИ ФИЛТЕР СО МИНЕРАЛОТ ЗЕОЛИТ кој се поставува на издувниот систем на колите и ги апсорбира CO2 гасовите со што позитивно придонесува за намалување на причините за глобалното затоплување.
Тимот успешно се пласираше во финалето и покажа големи познавања и резултати. Со оглед на тоа дека технологијата е доста напредна во последните неколку години, овој труд е за голема пофалба за менторите и студентите. Искрени честитки од тимот на Струмица Денес.