strumica denes logo

ПОЧИНА МАЖ ОД ВАСИЛЕВО – СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ОГРАДА!

Автор:

Датум:

февруари 14, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 14, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

На 13.02.2023 во 07.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ