Perdormire
Струмица

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ, АД „ГРОЗД“-СТРУМИЦА ИЗВРШИ ОСВЕТУВАЊЕ НА ПРОСТОРИИТЕ!

Денес, по повод Велигденските празници, протопрезвитер Боро Милчев ги посети своите духовни чеда, меѓу кои и Васе Митев, сопственикот на АД „Грозд“, Струмица и традиционално изврши осветување на просториите на оваа компанија .

Овој благословен чин нека е угоден пред Бога и спасени да бидат душите на над 80 вработени во ова претпријатие во овие тешки времиња во кои многу се потребни колективните молитви и засилување на христијанската вера.

Протопрезвитер Боро Милчев, топло им порачува на сите да пијат „Струмка“ за време на постот, а за Велигденските празници, да ја наградат својата душа и дезинфицираат своето грло со традиционалната струмичка мастика.