ПО ЉУБЕ БОШКОВСКИ И ГЕНЕРАЛОТ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЈА НАПУШИ КОАЛИЦИЈАТА НА СДСМ И СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ВМРО-ДПМНЕ!

март 27, 2024

Откако директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов најави дека со неговата партија „Достоинство“ преминува во коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера, како што вели Ангелов, премиерот Талат Џафери телефонски му најавил дека ќе го разреши. Од Владата велат дека за кдаровското решние во ЦУК ќе одлучуваат на наредната седница. Неофицијално, Џафери ќе се консултира за законските одредби за разрешувања на функционери за време на распишани избори. Ангелов денеска повтори дека без противење би го прифатил евентуалното разрешување, иако од СДСМ добил збор дека тоа нема да се случи.

„За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување поддршка треба да дадат и министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно, ќе нема мнозинство за мое разрешување. // Јас сум директор именуван од оваа Влада, но она што тој сака да ме праша ние јавно го кажавме. Ние јавно објавивме дека излегуваме од коалицијата со СДСМ, тоа е неспорно и влегуваме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“, наведува Ангелов.

Од СДСМ велат дека владејачката коалиција нема да иницира постапка за разрешување на Ангелов од директорската позиција во ЦУК. Тој ја напушти коалицијата со социјалдемократите, бидејќи не бил изгласан Законот за бранителите што тој го иницираше. Засега нема детали дали ова прашање било дел од коалицискиот договор со ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата велат дека разговараат со Достоинство на Ангелов, „Обединети за Македонија“ на Љубе Бошковски, како и „Демократски сојуз“ на Павле Трајанов, но и други помали владејачки партии без да презицираат кои. Од ВМРО очекуваат до крајот на неделава да финализираат разговорите и да се потпише коалициски договор.

„Има од владејачката коалиција партии коишто најверојатно ќе се приклучат, оставам мал услов зашто процесот е при крај. Но, има и партии коишто сакаа да разговараат со нас, но со кои ние сметавме дека не треба да разговараме затоа што не ги делат нашите принципи и ставови“, рече Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека функционерите кои решија да и се приклучат на опозицијата овие денови по се изгледа ќе останат во фотелјите, тоа не беше случај со директорите на Алијанса за Албанците, кои останаа верни на Арбен Таравари. За директорите на Агенцијата за странски инвестиции и Пошта на Македонија, Газменд Абдија и Бујаре Абази, Џафери експресно свика седница, ги разреши и не ги почека одлуките на Кадровската комисија на Алијанса.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ