Пепи Велков како шампион се враќа во Струмица откако го освои појасот на „HAMMER FIGHT NIGHT“ во Германија, Хам. Велков борбата ја доби на поени (2:1). Се бореше во дисциплина ЛОУ-КИК до 68 кг.
„Напорниот тренинг си го направи своето. Ова е само почеток. Ви благодарам на сите за поддршката“ – изјави Пепи за Струмица Денес.
Пепи Велков доаѓа од клубот К1 Арена, каде и самиот тој е тренер.
Искрени честитки!