strumica denes logo

ПАРТИЈАТА БИРАШЕ МЕЃУ ФИЛИПЧЕ И НЕВАЖАЧКО ЛИВЧЕ – ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ!

Автор:

Датум:

април 6, 2025

Автор:

Датум:

април 6, 2025

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на кои регистрираните членови избираа претседател на партијата. Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации. Според информациите од партијата, надлежната централна изборна комисија го затвори избирачкиот список со вкупно 23.712 активни членови.