ОВАА САБОТА ДЕДО МРАЗ ДОАЃА ВО МИЛД ВО СТРУМИЦА – ПАЌЕТЧИЊА ЗА СИТЕ ДЕЧИЊА!

декември 20, 2021

Каде ќе биде Дедо Мраз викендов?

Патува оддалеку, патува со денови за да дојде во МИЛД и да ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња! Кој тоа? Се разбира, Дедо Мраз! Оваа сабота, за сите наши најмали и најмили посетители Дедо Мраз чува специјално пакетче!

Не грижете се, нашиот Дедо Мраз не ги заборава ниту родителите! За нив подготвивме неверојатни попусти, атрактивни акции и специјални понуди со неверојатно ниски цени!

Од 12-18 часот Дедо Мраз во МИЛД ќе подели пакетчиња за сите дечиња, а ќе имате уникатна можност професионален фотограф да го овековечи моментот и да си направите семејна фотографија со Дедо Мраз на специјално поставената новогодишна сцена.

Навистина неверојатен викенд: целосниот асортиман во Mild Home Store е со акциски цени, а нема што нема! Комплетна понуда на бела техника и додатоци за домот, играчки и мали кујнски апарати.

Посетете го MILD Home Store викендов и уживајте во новогодишната магија!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ