strumica denes logo

Осудените лица во Струмица ќе стекнуваат работни навики преку соработка со музејот – Денеска е потпишан меморандум за соработка!

Автор:

Датум:

март 4, 2025

Автор:

Датум:

март 4, 2025

Денес во просториите на Затвор-Струмица беше потпишан меморандум за соработка помеѓу директорот на установата, Бранко Ѓоргиев, и директорот на Казнено-поправната установа Затвор – Струмица, Зоран Ристов.

Овој меморандум има за цел да поттикне ресоцијализација на осудените лица преку нивно активно вклучување во работни процеси кои ќе придонесат за создавање позитивен став кон работата и развивање на работни навики. Преку оваа соработка, се очекува осудените лица да стекнат нови вештини и да ја зајакнат својата работна етика, што ќе им помогне полесно да се интегрираат во општеството по издржувањето на казната.

Директорот на НУ Завод и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, истакна дека оваа иницијатива е од големо значење, бидејќи преку ангажирање на осудените лица во проекти од културно и историско значење, не само што ќе се помогне во нивната ресоцијализација, туку ќе се даде и значаен придонес кон зачувување и унапредување на културното наследство.

Директорот на Затвор – Струмица, Зоран Ристов, нагласи дека ваквите програми се од исклучителна важност за процесот на рехабилитација на осудените лица. Според него, работните активности и ангажманот во општествено корисни проекти ќе имаат позитивно влијание врз нивната психолошка состојба, но и ќе им овозможат полесно прилагодување на животот по издржувањето на казната.

Со потпишувањето на овој меморандум, двете институции ја истакнуваат својата заложба за создавање можности кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на осудените лица и нивно поуспешно враќање во заедницата.