Основните прехранбени производи и во февруари со ограничени цени!

јануари 25, 2024

Основните прехранбени производи ќе се продаваат со ограничени цени до крајот на февруари. Продолжениот рок ги опфаќа и водата и одредени видови пијалаци.

Цените требаше да се вратат во „нормала“ на 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука за определување највисоки цени за одделни производи.

Оваа мерка се однесува на оризот, брашното, лебот и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Ограничувањето на цените останува и кај минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци, а во определени пакувања и светлото пиво.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ