Светот денеска го одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Целта е да се подобри квалитетот на животот на лицата со аутизам, да се згрижат тие деца, да им се даде рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.Во знак на поддршка, општинската зграда во Струмица светна во сина боја.
„Иако, мојата и поддршката на општина Струмица е 365 денови за лицата со аутизам, а не само еден, се вклучивме во одбележувањето на 2.Април – Меѓународниот ден за подигање на свеста за овие лица. Градиме инклузивна Општина и создаваме подобар свет за сите лица со попреченост и нивните семејства.“ – напиша градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов.
Аутизмот за прв пат бил идентификуван во 1943 година од страна на д-р Лео Канер. Во исто време еден германски научник, д-р Ханс Аспергер, опишува поблага форма на оваа нарушување кое е познато како Аспергеров синдром. Постојат разни дијагностички системи употребени во класификацијата, но најчесто клиничарите ги базираат нивните критериуми на ICD-10 застапена од Светска здравствена организација, или DSM-IV критериуми користени од Американската академија за детска и адолесцентна психијатрија.