strumica denes logo

ОПШТИНАТА СО СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУМИЧАНИ КОИ ЌЕ КУПАТ НОВ ВЕЛОСИПЕД, УШТЕ ПРВИОТ ДЕН 52 ГРАЃАНИ ПОДНЕЛЕ АПЛИКАЦИИ!

Автор:

Датум:

јуни 1, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 1, 2020

Категории:

Струмица

Објавен е јавен повик, со кој ќе го стимулира возењето велосипед. Повикот се однесува на субвенционирање на граѓаните кои во наредниот период ќе купат нов велосипед, со тоа што општина Струмица ќе рефундира педесет проценти од вредноста која нашите сограѓани ќе ја потрошат за купување. Изборот е нивен и нема повластени трговски оператори, но субвенцинирањето е до максимални 4 илјади денари, односно до исцрпување на средствата кои се определени за таа намена. Вкупниот износ кој ќе го субвенционира Општината изнесува околу 800 илјади денари, а оваа мерка ќе важи до 30 септември годинава.

Првиот ден од објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање за купување нов велосипед од страна на општина Струмица, граѓаните покажаа голем интерес. До 16 часот, 52 граѓани поднеле апликации за субвенции.