strumica denes logo

ОК СТРУМИЦА НИКОБ ИСПИШУВА ИСТОРИЈА: Ќе играат во квалификациите на Лигата на шампионите!

Автор:

Датум:

јуни 28, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 28, 2022

Категории:

Струмица

ОК СТРУМИЦА НИКОБ испишува историја откако денеска во Луксембург во седиштето на ЦЕВ, се одржа извлекување за квалификациите на Лигата на шампионите. Ова не е само историја за Струмица, туку и за цела Македонија.

За прв противник ОК СТРУМИЦА НИКОБ ја има екипата на Динамо Апелдорн која е шампион во последните 2 сезони во Холандија, со тоа што после денешното извлекување го имаме и донекаде јасно патот по кој ќе се движиме во европските купови.

Доколку бидеме подобри од Холандскиот претставник ќе закажеме двомеч со Португалскиот шампион Бенфика, во спротивно ако исходот е негативен по првиот двомеч се селиме во Купот на ЦЕВ каде имаме двомеч со екипата на Мурса Осијек од Хрватска.

Првиот историски меч од одбојкарската лига на шапиони треба да го одиграме на домашен терен во нашата “Сала Парк” во Струмица од 20 до 22.09.2022 додека реваншот е за седум дена во Холандија.