ОДЛИЧЕН НАСТАН: ВК АКТИВ-СТРУМИЦА ОРГАНИЗИРА ТРКА СО „БАЛАНС ВЕЛОСИПЕДИ“ ЗА МАЛИ ДЕЦА ОД 2 ДО 6 ГОДИШНА ВОЗРАСТ!

август 7, 2020

За прв пат во државата ВК АКТИВ-СТРУМИЦА ќе организира натревар со „баланс велосипеди” за мали деца во различни категории, момчиња и девојчиња од 2 до 6 годишна возраст. Настанот е во склоп на СОФ 2020. Целта на струмичките велосипедисти од ВК АКТИВ е да се вградат некои вредности во нашиот град. Желбата е децата од најмала возраст да го засакаат велосипедот и велосипедизмот.

Трката ќе се одржи на 30.08.2020 со почеток од 18:00 часот! Баланс велосипедите ќе бидат изложени кај градскиот парк близу амфитеатарот во недела 09.08.2020 во 18:00 часот. Малите до 6 годишна возраст слободно ќе можат да ги пробуваат велосипедите.

Секоја трка ќе се состои од 8 натпреварувачи. (за секој учесник има обезбедено велосипед и кацига.)

Учеството на натпреварот е 250 денари. Секој учесник добива маичка, а најдобрите ќе добијат награди.

Целиот настан треба да изгледа вака:

НАПОМЕНУВАМЕ дека натпреварот ќе се одржи во градскиот парк близу амфитеатарот на 30.08.2020 во 18:00 часот.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 070 253 999

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ