strumica denes logo

ОД ТИМОТ НА ТРАМП ЗА МИЦКОСКИ: Еден од најдобрите лидери во Европа!

Автор:

Датум:

февруари 22, 2025

Автор:

Датум:

февруари 22, 2025

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата Rumble и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тмот Ттрамп, вечерва се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија“, напиша Павловски на Х.

Говорот на Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон го пренесоа сите меинстрим платформи во САД

“Тоа беше историски настан, според моето скромно мислење. Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот, некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говор, со демократијата, со нашите споделени вредности. Повторно ќе речам, мислам дека беше во право.“

“На мојот подоцнежен панел реков дека видовме историски говор, со многу отворени и директни пораки. Не знам дали американскиот народ знае, дека по нашата независнот од југословенската федерација, ние имавме стратегиска цел да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Пред да влеземе во НАТО, го сменивме знамето, валутата, Уставот и нашето име, бидејќи некои од нашите соседи станаа членки на НАТО пред нас и го злоупотребија правото на вето за да решаваат билатерални спорови. Што е тоа ако не мешање во внатрешните работи?“, изјави премиерот Мицкоски.