Home

Perdormire
Економија Струмица

Од јануари ново поскапување на цената на струјата!

Home

Од Нова година цената на струјата повторно ќе расте. Од ЕСМ велат дека одлуката мора да биде таква со оглед на состојбите со енергетиката во светот. Но, надлежните уверуваат дека ќе сторат се, растот на трошоците за електрична енергија на домаќинствата да биде симболичен.
Advertisements

„Пред нас престои една од најтешките зими во последните неколку децении. Мораме да бидеме максимално подготвени, ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и нема да се увезува електрична енергија, струја ќе има а рестрикциите не се опција“, велат од ЕСМ.

Дека следната грејна сезона ќе биде сериозно скапа потврда даваат и податоците на светските берзи каде денеска еден мегават час електрична енергија се продаваше за рекордни 635 евра, додека вчера сумата беше пониска за дваесетина евра. Во последниов месец цената на струјата се движи од 320 до над 600 евра за мегават час, во најголем дел од случаите цената беше 500 евра. Граѓаните се обидуваат да штедат електрична енергија, но велат дека не е едноставно.

Последното зголемување на сметките за струја за домаќинствата на крајот на јуни изнесуваше 7,4 отсто.